1МФЛ: Силекс успешната полусезона ја заокружи со триумф над „пандевци“ - Слободен печат

1МФЛ: Силекс успешната полусезона ја заокружи со триумф над „пандевци“

Се одигра првиот натпревар од последното 18. есенско коло во Првата македонска фудбалска лига, на домашен терен Силекс со 3:1 беше подобар од Академија Пандев.

„Пандевци“ никако да ја прекинат долгата серија без победа во шампионатот, а таа трае од 23. октомври.

Го претрпе и петтиот пораз сезонава (трет по ред) за останување на третото место со 27 бодови колку што има и четвртопласираниот Силекс кој пак го запиша осмиот триумф. Шкендија исто така има 27 на втората позиција, но има дерби кое ја чека против Вардарци.

После првото полувреме водеа кратовци со голот на В. Серафимовски (41`), потоа зголеми Д. Додев во 61. минута од средбата, а 120 секунди подоцна намалија струмичани преку Д. Миловановиќ.

Прочитајте и...  Поранешен боксерски шампион смета Земјата е рамна плоча

Конечниот епилог го постави српскиот интернационалец С. Драшковиќ во 69. минута за радост кај домашните навивачи.

Останатите четири средби ќе се одиграат в недела (13.00 часот) меѓу Ренова-Работнички, Шкупи-Македонија ЃП, Струга Трим Лум-Борец и освојувачот на есенската титула Вардар против Шкендија.

1МФЛ, 18. коло

Сабота –
Силекс-Академија Пандев 3:1

Недела, двојки –
13.00 часот

Ренова-Работнички
Шкупи-Македонија ЃП
Струга Трим Лум-Борец
Вардар-Шкендија

Табела:

1.Вардар 35 бодови
2.Шкендија 27
3.Академија Пандев 27
4.Силекс 27
5.Македонија ЃП 23
6.Струга Трим Лум 23
7.Шкупи 22
8.Борец 19
9.Ренова 16
10.Работнички 15

Прочитај повеќе

ЕХФ тв: Навивачите на Вардар го одбележаа викендот во ЛШ! (ВИДЕО)

Слободен печат

Тодоров: Доста корисен тест пред Естонија и Русија!

Слободен печат

Рамос не знае да промаши откако си замина Кристијано Роналдо

Слободен печат

Оптимизам на „Етихад“: Не си одат главните ѕвезди, и Гвардиола останува!

Слободен печат

Се ближи и тој ден кога Ѓоковиќ ќе го престигне Сампрас

Слободен печат

Нови државни рекорди на Македонија на „Дубочица Опен“

Слободен печат

Остави Коментар

единаесет − 8 =

Прочитај повеќе

ЛШ: Дибиров со најдобриот гол, Скубе во тимот на колото! (ВИДЕО)

Слободен печат

„Тимот на Леброн“ славеше во Ол-стар мечот, Ленард МВП! (ВИДЕО)

Слободен печат

Селта му откина бод на Реал Мадрид на „Сантијаго Бернабеу“ (ВИДЕО)

Слободен печат

Лацио е сериозен конкурент за титулата, со пресврт го совлада Интер (ВИДЕО)

Слободен печат

Хакерот поради кој е казнет Сити се наоѓа во притвор и му се заканува долга затворска казна

Слободен печат

Поради РАСИЗАМ, Марега го напушти теренот (ВИДЕО)

Слободен печат