1МФЛ: Шкупи убедливо против „пандевци“, Шкендија ремизираше со Струга Трим Лум

Шкупи ќе ја претставува Македонија во квалификациите за ЛШ/Фото: facebook.com/fcshkupi1927

Денеска официјално заврши сезоната (2021/2022) во Првата македонска фудбалска лига (1МФЛ), новиот шампион Шкупи на стадионот во Чаир триумфираше пред своите навивачи убедливо со 3:0 славеше над Академија Пандев.

Двоен стрелец беше Трапановски, првиот гол го постигна во 41 минута, а вториот непосредно пред паузата (45+2`). Конечниот епилог го постави Абази во 67 минута.

Шкендија ремизираше на гостувањето кај Струга Трим Лум со 1:1, погодоците беа реализирани пред самиот финиш. Илиески обезбеди водство за стружани (90+2`), а Рамадани им донесе бод на тетовските „црвено-црни“ 180 секунди подоцна (90+5`).

Момент од натпреварот Сттруга Трим Лум – Шкендија/Фото: facebook.com/fcshkendija/

Најубедлива во рундата беше Ренова која со 1:5 славеше кај Борец. „Гипсарите“ стекнаа позитива со головите на Абдула (15`) и Кахримановиќ (28`), а единствениот гол велешани го постигнаа преку Ибрахимовиќ (36`).

Пред крајот на првото полувреме Ренова стрелаше за 1:3, голот беше дело на Селмани. Во второто полувреме „петардата“ ја комплетираа Шефити (53`) и Јусуфи (60`).

Скопје кој ќе игра во баражот за опстанок беше подобар од Брегалница со 4:1. За домаќините два гола запипа Јаневски, а по еден Десниќ и Игнатов, а за штипјани Ацковски го ублажи поразот (80`).

Пелистер од следната сезона ќе игра во Втората лига, денеска уште еднаш ги разочара навивачите откако загуби од Работнички со 2:1. За „романтичарите“ во листата на стрелците се запишаа Тодоровски и Станковски, а битолчани само намалија преку Ричков.

И Тиквеш е во победничка атмосфера пред баражот, со резултат 2:1 славеше против Македонија ЃП. Купер ги израдува „лавовите“ од Ѓорче Петров со водство во 20 минута, но во вториот дел следуваше пресврт. Клубот од Кавадарци ги освоија трите бода благодарение на Љамчевски кој беше прецизен од пенал и Христов во 91 минута.

Прва лига, 33. последно коло

Недела, резултати –

Борец – Ренова 1:5, Скопје – Брегалница Штип 4:1, Работнички – Пелистер 2:1, Шкупи – Академија Пандев 3:0, Струга Трим Лум – Шкендија 1:1, Тиквеш – Македонија ЃП 2:1.

Конечна табела:

1. Шкупи 76 бодови (квалификации Лига на шампиони)
2. Академија Пандев 64 (квалификации Лига на Конференции)
3. Шкендија 61 (квалификации Лига на конференции)

4. Македонија ЃП 57
5. Ренова 48
6. Струга Трим Лум 47
7. Брегалница Штип 45
8. Работнички 43

9. Скопје 35 (бараж)
10.Тиквеш 34 (бараж)

11.Борец 21 (Втора лига)
12.Пелистер 14 (Втора лига)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот