1МФЛ: Шкупи со победа ја завери есенската титула

Шкупи со три важни бода на патот кон шампионската титула/фото: ФК Шкупи

Фудбалерите на Шкупи со убедлив триумф од 0:3 на гостувањето кај Борец ја потврдија есенската титула во Првата фудбалска лига. Шкупи во 18 кола во 1МФЛ, оствари 13 победи, три ремија и само два порази и ќе „презими“ на првото место на табелата со 42 бода, седум повеќе од второпласираната Академија Пандев.

Победата на Шкупи во последното коло од есенскиот дел од шампионатот му ја донесоа Сандеј Адетунџи кој даде два гола и Марко Ѓорѓиевски кој во 86 минута го постави конечниот резултат.
Академија Пандев славеше минимален триумф од 1:0 против Пелистер, а голот го постигна Фарук Бихорац во 90 минута.

Актуелниот шампион Шкендија на тешкиот терен во Тетово благодарение на голот на Синдрит Гури со 1:0 го совлада Скопје.

Првиот дел од сезоната, во добра форма го заврши Македонија ЃП која со триумфот над Работнички од 1:2 врза две победи.

Резултати:
Академија Пандев – Пелистер 1:0
Борец – Шкупи 0:3
Работнички – Македонија ЃП 1:2
Шкендија – Скопје 1:0
Тиквеш – Брегалница 1:3
Струга ТЛ – Ренова одложена за 14 декември

ТАБЕЛА: Шкупи 42 бода, А. Пандев 35, Шкендија 34, Брегалница 29, Ренова 27 (-1), Македонија ЃП 27, Струга ТЛ 23 (-1), Работнички 22, Скопје 20, Тиквеш 15, Борец 12, Пелистер 5.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот