1МФЛ: Седум гола на Чаир, среќен финишот за Шкупи и Борец!

Денеска се одиграа уште четири натпревари во рамките од шестото коло во Првата лига, Шкендија продолжува да биде единствената без пораз, а Беласица и натаму ги брка првите бодови во шампионатот.

Играчите на тренерот Ернест Ѓока дојдоа до четвртиот триумф откако со 2:1 беа подобри од Академија Пандев.

Двапати во листата на стрелците за Шкендија се запиша Ибраими, а за струмичкиот клуб единствениот погодок беше дело на Пандев.

Тетовските „црвено-црни“ така победнички ќе го пречекаат англискиот гигант Тотенхем на 24 септември во Скопје во третото квалификациско коло на Лига Европа.

Силекс, пак, кој беше елиминиран од истото натпреварување на домашен терен загуби од Борец со 1:2. Клубот од Кратово водеше со голот на Грозданоски после првото полувреме, но во второто велешката екипа направи пресврт благодарение на Стоименовски (63`) и Ѓорѓиев (90`).

Финишот беше среќен и за Шкупи кој на стадионот Чаир во Скопје со 4:3 беше подобар од тимот на Ренова.

Во првите 45 минути двапати водеа домаќините со головите на Дарбо (1:0) и Бериша (2:1), но двапати израмнуваа гостите преку Велија (1:1) и Шала (2:2).

„Гипсарите“ беа и во позитива од 65 минута преку Велиу, а Јусуфи израмни за домаќините на 3:3. Само 120 секунди подоцна Ренова остана без еден играч на теренот поради црвениот картон на Абдула, и тоа го искористи Бразилецот Нето (90+5`) за поставување на конечниот епилог.

И во последниот четврти дуел на стадионот „Младост“ во Струмица, Беласица загуби од Пелистер со резултат 0:2. Трите бода за битолчани ги обезбедија интернационалецот од Ангола, Нето во 14 минута и Фазлиу после половина час игра.

Вардар поразен од „лавовите“ во градското дерби

Прва лига, 6. коло

Недела, резултати

Беласица-Пелистер 0:2
Шкендија-Академија Пандев 2:1
Шкупи-Ренова 4:3
Силекс-Борец 1:2

Сабота –

Македонија ЃП-Вардар 2:1
Работнички-Струга Трим Лум 1:1

Табела:

1.Шкендија 14 бодови
2.Шкупи 13
3.Борец 11
4.Силекс 10
5.Македонија ЃП 10
6.Работнички 9
7.Пелистер 9
8.Струга Трим Лум 8
9.Вардар 7
10.Ренова 5
11.Академија Пандев 3
12.Беласица 0

Прочитајте и...  ВИДЕО: „Граѓаните“ со пресврт, Суарез уште еднаш немоќен пред Баерн!

Поврзани вести

Јовановски: Доколку бидеме во прав состав, нашите шанси во Тбилиси ќе бидат и поголеми!

Фидан Коминовски

„Мистер“, ти благодариме: Марчело Липи ја заврши тренерската кариера!

Слободен печат

Македонија на 7 декември ќе ги дознае ривалите во квалификациите за СП

Слободен печат

ВИДЕО: Кога Теодосиќ сака да асистира, а постигне кош!

Слободен печат

Фати доживеа брутално понижување, Барселона покрена тужба!

Слободен печат

Инфантино не е во „војна“ со УЕФА, но сака мечеви како Баерн-Бока јуниорс!

Слободен печат

Остави Коментар