1МФЛ: Се вратија насмевките во Македонија ЃП!

фото:фејсбук

Денеска се одигра првиот натпревар од 15. коло во Првата македонска фудбалска лига, составот на Македонија ЃП триумфираше дома над Работнички со 2:0.

После првото полувреме клубот од Ѓорче Петров водеше со голот на А. Јашароски кој ја затресе мрежата на „романтичарите“ во 15. минута од средбата.

Конечниот епилог беше поставен во 70. минута кога во листата на стрелците се запиша и Б. Божиновски за вкупно петта победа сезонава.

Популарните „лавови“ од Ѓорче Петров (на чија клупа дебитираше новиот тренер Наџи Шенсој) воедно ја прекинаа серијата од шест натпревари без триумф, и сега е на четвртото место со 21 бод.

Од друга страна, големата резултатска криза и натаму владее во Работнички. Тимот од „Градски парк“ го претрпе и 10. пораз во шампионатот за моментно последна позиција во шампионатот со 11 бодови.

Останатите четири средби од рундата овој викенд ќе продолжат в недела кои ќе започнат исто така од 13.00 часот: Академија Пандев-Струга Трим Лум, Борец-Силекс, Шкендија-Ренова и Вардар-Шкупи.

Табела: Вардар 30 бодови, Академија Пандев 26, Шкендија 21, Македонија ЃП 21, Силекс 21, Шкупи 18, Струга Трим Лум 18, Ренова 15, Борец 15, Работнички 11.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот