1МФЛ: „Романтична“ победа на Работнички, четири екипи на врвот на табелата

Работнички славеше во скопското дерби против Македонија ЃП/Скопје, Македонија/19 септември/ фото. ФК Работнички

Скопската дерби пресметка помеѓу Македонија ЃП и Работнички заврши со триумф на романтичарите од 0:2 кои со трите бода се најдоа на делба на лидерската позиција заедно со уште А. Пандев, Шкупи и Ренова.

Првото полувреме меѓу „лавовите“ и „романтичарите“ завршо без голови, но на стартот од вториот дел Работнички поведе со голот на Кристијан Стојковски. Победата ја завери Лука Станковски со голот во 89 минута.

Шампионот Шкендија немаше поголеми проблемии со 0:2 славеше на гостувањето кај Скопје. Тетовските „црвено-црни“ поведоа со голот на Нафиу во 14 минута, а конечниот резултат го постави Кривак во второто полувреме.

Убедлив настап имаше и Шкупи кој со 3:0 го победи Борец и тоа благодарение на двата гола на Адетуљи како и на Цветановски.

Резултати:
Брегалница – Тиквеш 2:0
Скопје – Шкендија 0:2
Македонија ЃП – Работнички 0:2
Пелистер – А. Пандев 0:0
Ренова – Струга ТЛ 1:0
Шкупи – Борец 3:0

Табела: Шкупи, А. Пандев, Ренова, Работнички по 14, Струга ТЛ 12, Шкендија и Брегалница 10, Македонија ЃП 9, Борец 7, Скопје 5, Пелистер и Тиквеш 2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот