1МФЛ: Пелистер и го нанесе првиот пораз на Шкендија, Вардар со победа ја заврши годината

Со денешните натпревари од 18. коло заврши есенскиот дел од сезоната во Првата фудбалска лига, а во која најдобар тим е Шкендија.
Тетовчани кои во претходното коло ја обезбедија есенската титула, денеска се поразени од Пелистер и тоа благодарение на голот од пенал на Борче Маневски во последните моменти од натпреварот.
За разлика од Шкендија која со пораз ја заврши годината, најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија, Вардар, кој има тешки финансиски проблеми славеше на гостувањето кај Беласица со 0:3. Вардарци победата ја најавија уште во првата минута Мартин Мирчевски, а во второто полувреме Стојчевски и Цветановски ја заверија победата.
Беласица – Вардар 0:3
Македонија ЃП – Ренова 2:3
Работнички – Борец 2:1
Шкендија – Пелистер 0:1
Шкупи – Струга Трим Лум 1:2
Силекс – Академија Пандев 1:2.
Табела: Шкендија 39, Шкупи 33, Македонија ЃП 33, Струга Трим Лум 28, Вардар 25, Борец 25, Работнички 24, Силекс 22, Ренова 19, Пелистер 18, Академија Пандев 17, Беласица 9.