1МФЛ: Мируваа мрежите во Тетово, „пандевци“ подобри од Силекс!

fkvardar.mk

Фудбалското прволигашко дерби во Тетово заврши со непопуларниот резултат 0:0, откако попладнево напаѓачите на Шкендија и Вардар не беа расположени за голови.

Вардар најдобрата шанса во првиот дел ја имаше во 30 минута кога Цветаноски убаво му асистираше на Аврамовски, кој од 15 метри биеше само над голот на противникот.

Шкендија, во вториот дел беше нешто поопасна, односно од 75. минута до самиот крај со сите сили притискаше да постигне гол, но одбраната на Вардар не дозволи да биде матирана, односно голманот Гачевски кој со две супер одбрани спаси спречи сигурен гол на тетовските „црвено-црни“.

„Пандевци“ со головите на Дориев во 38 и Стоилов од пенал во 70 минута на домашен терен го совладаа кратовски Силекс. Немаше погодоци ниту на дуелот Македонија ЃП-Шкупи, но затоа ги имаше дури пет на Борец-Струга Трим Лум (3:2).

Поведоа стружани уште во петтата минута со голот на Кировски, па резултатот беше израмнет во 29 минута со автоголот на Драгарски. Непосредно пред паузата уште два погодоци, домаќините водеа со 2:1 преку Христов од белата точка, но веднаш нов егал донесе Кировски. Трите бода за велешани ги обезбеди Прелчец кој стрелаше во 57 минута од мечот.

ПМФЛ, 9. коло (резултати)

Сабота –

Академија Пандев – Силекс 2:0
Борец – Струга Трим Лум 3:2
Македонија ЃП – Шкупи 0:0
Шкендија – Вардар 0:0

Петок –

Работнички – Ренова 1:0

Табела: Вардар 20 бода, Академија Пандев 18, Македонија ЃП 15, Шкупи 13, Ренова 13, Шкендија 11, Работнички 10, Силекс 9, Струга Трим Лум 8, Борец 8.

Сега следува пауза во првенството, поради обврските на националната А репрезентација во квалификациите за Еп 2020 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот