1МФЛ: Мирољубиво на Чаир, Силекс ја „торпедираше“ Беласица!

Денеска се комплетираше првото коло од новата сезона во најдобрата македонска фудбалска лига, најефикасен беше составот на Силекс кој со 0:6 ја декласираше Беласица.

Интересно немаше голови во првото полувре,е но затоа во второто нашиот претставник во квалификациите од Лигата на шампионите се растури од голови, а серијата погодоци ја стартуваше Ивановски во 47 минута.

Горгиев зголеми во 59, а потоа следуваа два голови на Ристов во 70 и 84 минута, во листата на стрелците се запиша и Ѓуриќ (88), а истиот играч го постави и конечниот епилог (90+2).

Дербито на Чаир заврши нерешено 2:2, интернационалецот од Гамбија Дарбо во шестата и 44 минута се погрижи за убаво водство на Шкупи по првиот дел.

Прочитајте и...  Азаренка го напушти теренот на Ролан Гарос: Ова е смешно

Но, Шкендија не дозволи пораз, одлични перформанси во тетовскиот клуб покажа новото засилување Дориев кој прво намали во 60 минута, а потоа беше и асистент на израмнувачкиот погодок (66), стрелаше Ахмеди.

Три бода освои и битолски Пелистер кој како домаќин со 1:0 беше подобар од Академија Пандев со погодокот на Хот во 10 минута од средбата Под Тумбе Кафе.

Мируваа мрежите на дуелот Ренова-Струга Трим Лум, а Македонија ЃП славеше против Работнички со 2:1.

Божиновски го отвори резултатот за предност на „лавовите“ од Ѓорче Петров, па израмнија „романтичарите“ преку Тодоровски. Во самиот финиш од скопската пресметка триумфот на составот на Жикица Тасевски го донесе Адем.

1МФЛ (Сезона 2020/21)

Резултати, 1. коло –

Прочитајте и...  Ѓоковиќ: Нема да ги кријам емоциите на Ролан Гарос

Сабота
Вардар-Борец 0:1

Недела
Македонија ЃП-Работнички 2:1
Пелистер-Академија Пандев 1:0
Ренова-Струга Трим Лум 0:0
Шкупи-Шкендија 2:2
Беласица-Силекс 0:6

Наредно 2. коло, двојки:
Шкендија-Струга Трим Лум, Борец-Ренова, Академија Пандев-Вардар, Силекс-Пелистер, Работнички-Беласица, Шкупи-Македонија ЃП.

Вардар очаен на стартот од новата , Борец им го зеде скалпот на „црвено-црните“

Прочитај повеќе

Мурињо во елемент по лакрдијата со ВАР, легенда на Ливерпул бара негово укинување

Слободен печат

Елмас и Наполи ги уништија Пандев и Џенова (ВИДЕО)

Слободен печат

Каква шлаканица за Пеп и „граѓаните“, Лестер им пукна петарда среде Манчестер

Слободен печат

Шоу на Суарез, два гола на дебито за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Слободен печат

Европскиот шампион демолиран од Хофенхајм, прими четири парчиња (ВИДЕО)

Слободен печат

Идентични триумфи на скопските и тетовските „црвено-црни“

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

МОТО ГП: Квартараро ја „покори“ Каталонија

Слободен печат

Лидс и Алиоски се фантастични во Премиер лигата, го зедоа скалпот и на Шефилд

Слободен печат

Ф1: Триумф на Ботас, Хамилтон сам се „откажа“ од победата

Слободен печат

Азаренка го напушти теренот на Ролан Гарос: Ова е смешно

Слободен печат

Прво големо изненадување на Ролан Гарос, крај за Гофан

Слободен печат

Ѓоковиќ: Нема да ги кријам емоциите на Ролан Гарос

Слободен печат