1МФЛ: „Лавовите“ потклекнаа пред Шкендија

Шкендија славеше во дербито со Македонија ЃП/ фото: ФК Шкендија

 Во дербито на 15 коло од Првата фудбалска лига, актуелниот шампион Шкендија славеше на гостувањето кај Македонија ЃП со 1:2 и се искачи на третото место на табелата.

Шкендија уште во 11 минута поведоа со голот на Гури, а „лавовите“ уште во 25 минута останаа со играч помалку откако Филип Мишевски беше исклучен поради два жолти картони. Предноста од играч повеќе, гостите ја искористија во вториот дел да зголемат на 0:2 преку Шала (79 минута), но во финишот ги спасуваа трите бода. Прво Камара во 83 минута намали на 1:2, а во финишот голманот на Шкендија, Захов успеа да ја „одбрани“ победата на својот тим по шутот на Камара.

Лидерот на табелата Шкупи со одлична игра во второто полувреме ја совлада Струга ТЛ со 4:0.
Првото полувреме заврши без голови, а го одбележа инцидентот помеѓу двете екипи кој можеше да прерасне и во тепачка. Имено по стартот на Руватубаје над Кадриу, предивика вербални судири и физички контакти помеѓу играчите на двете екипи.

Во вториот дел, Шкупи со двата гола на Адетунџи, на Фаусин и на Маркоски дојде до убедлив триумф и остана лидер на табелата со 35 бода, четири повеќе од Академија Пандев.

Тиквеш со головите на Нгоба и на Спахиу со 2:0 го совлада Работнички за кого ова е петти пораз во последните шест наптревари.

Резултати:
Пелистер – Скопје 0:0
Шкупи – Струга ТЛ 4:0
Брегалница – Борец 2:1
Македонија ЃП – Шкендија 1:2
Тиквеш – Работнички 2:0
Ренова – Академија Пандев 1:2
Табела: Шкупи 35, А. Пандев 31, Шкендија 27, Ренова 25, Брегалница 25, Струга Т. 22, Македонија ЃП 20, Работнички 18, Скопје 17, Тиквеш 13, Борец 8, Пелистер 4.

Видео на денот