1МФЛ: Брегалница во судиското продолжение го реши лидерот

Штипјани во драматичен финиш дојдоа до првата победа сезонава/ фото: фејсбук/Фудбалски клуб Брегалница

Екипата на Брегалница продолжува со добрите игри во првата фудбалска лига и по пет кола е една од двете екипи, заедно со Струга ТЛ кои немаат пораз.

По четирите ремија во првите четири кола, Брегалница денеска дојде до првиот триумф и тоа над лидерот Академија Пандев со 3:2. Јунак на Брегалница беше Марјан Алтипармаковски кој во 93 минута го постигна голот за победа и три бода.

„Пандевци“ во два наврати имаа предност, прво Велиновски го отвори резултатот, а Мирчевски во 73 минута и донесе предност од 1:2 на своја екипа. Домаќините не се предаваа, преку Ескиќ во 66 минута израмнија на 1:1, а во финишот направи и пресврт со головите на Ѓокиќ во 83 и Алтипармаковски во 93 минута.

Киксот на А. Пандев го искористи Шкупи кој со победата од 4:1 над Скопје се израмни на првото место на табелата со 10 бодови.
Шампионот Шкендија продолжува со променливите игри и одигра само 2:2 на гостувањето кај Пелистер.

Резултати:
Брегалница – А. Пандев 3:2
Македонија ЃП – Борец 3:2
Пелистер – Шкендија 2:2
Ренова – Работнички 1:1
Шкупи – Скопје 4:1
Тиквеш – Струга 1:1.

Табела: Шкупи 10, А. Пандев 10, Струга 9, Македонија ЃП 9, Ренова 8, Работнички 8, Брегалница 7, Шкендија 6, Скопје 5, Борец 4, Тиквеш 2, Пелистер 1.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот