1МФЛ: Бод за Вардар, Шкендија чекор поблиску до титулата

Фото: ФК Вардар

Фудбалерите на Вардар ја продолжуваат грчевитата битка за опстанок и во денешното коло од Првата фудбалска лига одигра 1:1. Најтрофејниот фудбалски колектив во Македонија моментно се наоѓа на претпоследното 11. место на табелата со 28 бода, исто колку што има и Ренова, а има еден бод помалку од Силекс кој е деветти.
Ренова поведе со голот на Јашаровски во 15. минута но вардарци успеаја да израмнат во финишот од првиот дел и тоа преку Мартин Мирчевски.

„Црвено-црните“ на крајот можеа и да дојдат до победата, но шутот на младиот Стојановски заврши над голот на гостите.
Конкурентот во битката за опстанок, Силекс е поразен со 3:2 од Пелистер иако имаше водство од 0:2 по само 19. минути игра. Силекс поведе со головите на Ѓоргиев и Тантуровски, но Пелистер до крајот на полувремето успеа да дојде до израмнување. Прво Драгарски во 24. минута погоди за 1:2, а во 30. минута Илијовски донесе израмнување. Голот вреден три бода за Пелисер го постигна Нето во 71. минута.

Шкендија го искористи киксот на Шкупи кој загуби од Беласица, и со минималниот триумф над Академија Пандев дојде на само шест бода од шампионската титула. Стрелец на единствениот гол беше Ибраими во 53. минута.

Резултати:
Македонија ЃП – Борец 2:1
Пелистер – Силекс 3:2
Шкендија – А. Пандев 1:0
Шкупи – Беласица 0:1
Струга ТЛ – Работнички 1:1
Вардар – Ренова 1:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот