Заев до Мицкоски: Вашите луѓе сакаа да ме убијат во Собранието

Вие држите морални предавања, за 27 април, за настан на кој и вие бевте учесник во толпата која сакаше да ме убие. Ве видовме на сликите и сега држите морални предавања што е исправно а што не, па треба да се засрамите од моите лузни. Не јас. Заради тоа што вашата политичка партија организираше толпа во која и вие учествувате, сакаше да ме убие мене и други пратеници кои беа таму, порача претседателот Зоран Заев во вечерашното ТВ соочување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на ова му возврати дека се помириле со тој што ја отворил вратата дента.

Заев му посочи дека тој не учествувал во процесот на помирување, на што Мицкоски рече:

„Јас и вие не сме скарани за да помируваме“.

Заев истакна дека се направило разграничување меѓу оние кои сториле насилство и оние кои биле изманипулирани за случувањата на 27 април, но секој ќе одговара.
Дебатата меѓу лидерите продолжува.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот