193 нови случаи на ковид-19, пријавени се две починати лица

Ковид-состојба во Северна Македонија / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство известува дека во последните 24 часа се направени 894 тестови, а регистрирани се 193 нови случаи на ковид-19: Скопје – 109, Битола – 17, Куманово – 15, Кавадарци – 11, Велес – 7, Гостивар и Штип – по 6, Кичево – 5, Прилеп – 4, Тетово, Струмица и Радовиш – по 3, Кочани, Гевгелија, Неготино и Демир Хисар – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (193), регистрирани се 49 реинфекции.

Регистрирани сe 97 оздравени пациенти од: Скопје – 62, Битола – 5, Тетово, Струмица, Кочани и Охрид – по 4, Кавадарци и Неготино – по 3, Велес и Штип – по 2, Гостивар, Прилеп, Богданци и Македонски Брод – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“, регистрирани се две починати лица од Скопје (85г) и Берово (76г), починати на ден 13.6.2022 и 20.6.2022, едното лице е починато во болнички услови, а другото во домашни услови.

Направени се 894 тестови преку: ИЈЗ-125, ЦЈЗ Скопје-32, ЦЈЗ Битола-37, ЦЈЗ Прилеп-9, ЦЈЗ Тетово-15, ЦЈЗ Куманово-33, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–64, Жан Митрев (Филип Втори)-23, Авицена-19, Биотек-22, Систина-19 лабораторија Лаор-8, Синлаб-5, Ремедика-5, Плодност-2, Генеа-3, Никоб Лаб-44, ВФВ Медикал-3, Ели МедикаПлус-2, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–2, Жан Митрев Струмица–1, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-6, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 412.

Досега во земјата се направени вкупно 2 082 690 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 314 211, бројот на оздравени пациенти е 303 989, на починати е 9327, а бројот на активни случаи изнесува 895.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот