1920-ти во Париз, Берлин и Одеса: Дигитално реставрирани филмови нè носат во ерата на џезот

Фото: Rawpixel

Со помош на новата технологија, членовите на CMSI (Центар за медиуми и социјално влијание) успеаја да им дадат нов живот на старите филмови и за момент да нè одведат во некое друго време, пишува „National Geographic“.

ПАРИЗ

Пристигнуваме во Париз во урнебесните 20-ти години! Тука се танчерките, скратената коса, шеширите и танцувањето на џез!

Филмската актерка Пола Негри можете да ја видите во, сега заборавениот бар, во ресторанот „Робинсон Павилјон Лафонтеин“. Робинсон бил популарен бар каде што можело да се пие и да танцува на отворено. Се наоѓал во мала област јужно од градот на „Руе де Малабра“ на број 32.
Исто така, можете да го видите познатото „Кафе де ла Паик“ на Булеварот Капучин, како и „Ле Дом кафе“ во латинскиот кварт.

Станува збор за дигитално обновени филмови на режисерот Бартон Холмс, кој го измисли терминот „патопис“.

БЕРЛИН

Од зори до мрак низ Берлин за три минути.

Берлин од времето на Вајмарската Република бил мултикултурен град. До 1924 година, германската економија се стабилизирала уште по Првата светска војна и криминалот започнал да опаѓа. Оваа ера беше позната како „Златни години“ на Вајмар кога, особено во Берлин, се случила културната експанзија.Големата депресија од 1929 година придонесе за крај на демократијата и подемот на фашизмот.

Се работи за кратка дигитално обновена монтажа на класичниот нем документарен филм на Валтер Рутман.

ОДЕСА

Оживеан е Советскиот сојуз од 1929 година. Филмот е сниман главно во Одеса, Украина.

Побогатите жени уживале во мода и забава. Тие носеле кратка коса, шминка и голем клош шешир, популарен меѓу девојките ширум светот во дваесеттите години на минатиот век. Позицијата и улогата на жените во СССР, во принцип, била еднаква на мажите, според Советскиот устав. Сепак, реалноста била сосема поинаква за мнозинство.

Дигитално реставриран филм е документарецот „Човекот со филмска камера“ од 1929 година. Режисер на филмот е Џиг Вертов, а монтажата е на неговата сопруга Јелисавета Свилова. Парот е познат по употреба на широк спектар на кинематографски техники (повеќе експозиции, снимки со брзо и бавно движење, рамки за замрзнување, кибритчиња, кроеви, поделени екрани …)

Вертов и Свилова беа пионери во снимањето филмови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот