Тибетанска уметност на лекувањето

Тибетската медицина ужива до денес неспоредливо голем имиџ во цела Азија и сè повеќе го привлекува вниманието на западните земји.

Тибетската медицина е една од најстарите традиции во светот, со историја од над 3.500 години. Постојат повеќе добро етаблирани практики како што е, на пример, употребата на остатоци од јачмен од Чунг (тибетско пиво) врз отечени места, пиење на топла вода за подобро варење на храната или употреба на стопен путер за запирање на крвавењето или за лекување на раните. Овие практики се развиле од искуство и се пренесувале со векови од генерација на генерација. Тие се и основа за развојот на уметноста на лечењето на Тибет.

View this post on Instagram

While becoming harder to find compared to 20 years ago, Tibetan nomadic culture does still exist. I love going to Everest, Kailash and trekking in Tibet, but my best experiences in Tibet have been with nomads. I took this picture about a dozen years ago in Dridö/Zhidoi County in remote Yulshul Prefecture in the Kham region of Tibet. This family lived in a traditional yak-wool tent at nearly 4700m/15,400 feet above sea level. Incredibly remote, no modern amenities and poor compared to First World standards, this nomad family treated me like family….despite just having met them. When I arrived, they quickly cleaned out their best tea cup to pour me a cup of salted tea. They began making some fresh bread and served me some dried yak meat. They gave me the closest seat next to the roaring, hot stove (it was around -15°C outside). They just met me, but gave me unmatched hospitality. Many of the most valuable things I’ve learned in life haven’t come from books, but from my hundreds of encounters with Tibetan nomads.

A post shared by Jamin York | Himalaya Journey (@thelandofsnows) on

За време на предбудистичката ера, на Тибет сè уште беше доминантна бон-религијата, која остави печат и во методите за природно лекување со помош на различни тревки и плодови од природата.

Познатиот тибетски лекар Дунџи Трочхок е роден во почетокот на 4 век, тој ги систематизирал традиционалните тибетски знаења, а им бил лекар дури на 28 крала. Подоцна ќе му биде учител на својот наследник, Јуток Јонтен Гонпо. Во Тибет е позната традицијата на усно и искуствено пренесување на знаење, а релацијата учител и ученик е речиси света. Должноста на секој учител е пред да го напушти овој свет да му го предаде своето знаење на одбраниот ученик, кој ја наследува должноста. Таа традиција е зачувана до денес.

Во 7 век Тибет доминира и над северна Азија, кралот Сонгтсен Гампо ќе ги повика најдобрите лекари од Индија, Непал, Персија и Кина, да дојдат на Тибет и да дискутираат за различни медицински теми. Резултатот бил колекција од различни медицински знаења, кои биле систематизирани и во случаи на исти симптоми и искомбинирани.

Во 8 век се одржува првиот медицински самит на Тибет, за време на владеењето на Трисонг Детсен (755 – 797). На самитот биле претставени новости од медицината во Индија, Персија, Непал и Кина, и се разбира, тие биле систематизирани и запишани. Наследникот на Детсен, Јуток Јонтен Гомпо, ќе ја напише новата верзија на книгата „Четири тантри“ благодарение на овие медицински податоци, а подоцна и ќе го отвори првото Тибетско училиште во 762 година.

12 век е обележан со истоимениот наследник Јуток Јонтен Гомпо Младиот, кој ќе допише во оваа книга уште 18 медицински учења. Во 13 и 14 веќе се пишуваат многу повеќе медицински и астролошки книги на Тибет. Во 17 век се отвора првиот медицински центар во Ласа, а доктор можел да биде само многу учен човек, со огромни медицински познавања, и „предодреден“ од мало дете за оваа професија од страна на астролог.

Тибетската медицина ужива до денес неспоредливо голем имиџ во цела Азија и сè повеќе го привлекува вниманието на западните земји.

Западот брои 206 коски, Тибетанците 360

Има големи разлики меѓу тибетската медицина и западната. Добар пример за почеток се коските. Додека западната медицина брои 206 коски кај човекот, тибетската зборува за 360 коски.

Коските се особено важни во тибетската медицина, не само поради нивната улога во структурирањето на телото,туку и поради тоа што тие се дел од Патот на каналите што пренесуваат животна енергија.

Порано оваа теза служеше за потсмев, но денес сè поголем број странски научници и доктори заминуваат за Тибет за да научат повеќе за коските.

Тибетската и западната медицина се сосема настанати на различни појдовни основи. И тие никогаш не би можеле да се изедначат со мислењата, туку само да се дополнуваат една со друга.

Instagram
Хирургијата неприфатена за Тибет

Тибетските лекари настојувале во човечкото тело да останат сите делови, па затоа хирургијата била неприфатлива. Сметале дека ако еден орган се исече или се извади, тогаш ќе дојде до дисбаланс и протекот на енергијата може да се затвори или да се пренасочи. Оттука секое заболено место го лекувале без отсранување.

Медицински знаења како поезија

Бидејќи главно медицината била пренесувана усно, од учител на ученик, од родител на дете, како голема света тајна, за полесно да бидат запомнети методите на лекувања биле запишувани во вид на поезија. Тибетанските лекари напамет ги учеле стиховите на старите лекари, а бидејќи тоа било поезија лесно ги помнеле. Оттука, најголем дел од сочуваните стари книги за тибетска медицина е напишан или во стих или како разговор меѓу мајка и дете.

И доктор и фармацевт

Професијата фармацевт е непозната за Тибет, односно таа асоцира само на западната медицина. На Тибет било незамисливо, и сè уште е, докторот да не го знае детално составот на лекот што му го дава на пациентот.

Бесплатно лекување

Додека на Западот добрите доктори се едни од најплатените луѓе, не е нормално еден доктор на Тибет да земе пари за лекување. Никогаш. Етиката на тибетските доктори не дозволува никаква плата. Доколку пациентот е задоволен, може да му остави подарок или храна на докторот. Докторот е почитуван како лама. И тоа е најголемата „плата“. Ламите не земаат плата, живеат од донации во манастирите, а исто така живеат и докторите.

Пулсот кажува сè

Познато е како изгледа еден лекарски приглед на Запад. На Тибет, пак, прегледот е малку поинаков. Докторат го прима пациентот, го фаќа за пулсот и зборува со него. Допирот е многу важен. Пулсот „се чита“. Кога пулсот ќе му се прочита на пациентот, докторот веднаш знае и каков му е животот.

Прочитајте и...  Интересна пижама парти: Брус Вилис и Деми Мур заедно со децата во изолација (ФОТО)

Прочитај повеќе

Згодната водителка на „Гранд Магазин“ Ивана Ѓорѓевиќ: Сега сум како султанката Хурем, ми недостига студиото

Ј.К.Д

Писателката на „Хари Потер“ открива техники за полесно дишење со кои тврди дека ја победила короната (ВИДЕО)

Слободен печат

Андреа Бочели за Велигден ќе пее во Миланската катедрала: Тоа ќе биде молитва за Милано и за цел свет!

Слободен печат

На Северина ѝ годи готвењето на свекрвата: Се здебелив 7 кила! (ВИДЕО)

Слободен печат

Коронавирусот не ги уништува само белите дробови, и друг орган е на удар!

Слободен печат

Роден е Серџо Блажиќ, „The Clash“ го објавија првиот албум и други настани кои ја одбележаа музиката низ историјата…

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Хороскоп за 8 април – Раковите ќе имаат проблеми со работата, Водолиите со парите

Слободен печат

Виц на денот – Таблети

Слободен печат

Необични работи кај жените кои ги привлекуваат сите мажи

Слободен печат

Наташа Беквалац објави фотографија додека се бања (ФОТО)

Васко Спасоски

Северина и во карантин може да одржи концерт: Погледнете што се случуваше во куќата на нејзиниот свекор Кеба! (ВИДЕО)

Васко Спасоски

Од интернат до самиот врв на Холивуд: Џеки Чен наполни 66 години!

Слободен печат