184 здравствени работници кои оздравеа од Ковид-19 се вратени на работа

epa-efe
Болница во Италија /Фото: EPA

Министерот за здравство Венко Филипче денеска ги отфрли шпекулациите дека поради некакви политички цели се намалуваат тестирањата.

Над 50 здравствени работници од болницата во Куманово кои беа заболени се вратени на работа. Од 235 заболени здравствени работници дури 184 се оздравени и се вратени на работа. Постепено од утре ќе го враќаме работењето на клиниките во нормала, изјави денеска на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Филипче рече дека се прави план за скриниг за лица кои се во критични категории и нагласи дека бројот на пациенти како што и очекувале, се намалува.

Тој додаде дека сака да ги отфрли шпекулациите дека поради некакви политички цели се намалуваат тестирањата.

– Тоа не е точно. Тоа што имаме намален број на тестирања е тоа што бројот на активни пациенти се намалува – вели Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот