180 санкционирани возачи во Скопје

Сообраќаен прекршок / Фото: Министерство за внатрешни работи

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (8.3) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје се изречени вкупно 180 мерки, меѓу кои за непочитување брзина на движење санционирани се 36 возачи, 17 санкции за возење без возачка дозвола, пет за возач почетник.

Изречени се 18 мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за управување под дејство на алкохол, шест возачи се санкционирани за некористење сигурносен појас и 49 за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот