18-та гренд слем победа по ред за Надал за четвртфинале на Вимблдон

Рафаел Надал/фото: EPA-EFE/TOLGA AKMEN

Рафаел Надал е последниот учесник во четвртфиналето на 135-то издание на Вимблдон откако во три сета со 6:4,6:2,7:6 го победи Ботик ван де Зандшулп.

Ова воедно беше 18-та победа по ред за Надал на гренд слем турнирите, Шпанецот претходно триумфира на Австралија Опен и Ролан Гарос.

Противник во четвртфиналето на Надал ќе му биде Тејлор Фриц кој исто така во три сета и многу лесно, го надигра Џејсон Кублер од Австралија со 6:3, 6:1,6:4.

Мечот започна со атрактивен поен, но Ван де Зандшулп држеше чекор со агресивниот Шпанец, и така беше се до 10. гем во првиот сет Надал прави брејк за водство од 1:0 во сетови.

Надал во вториот сет го искористи падот во играта на противникот и славеше со убедливи 6:2.
Во третиот сет, Ван де Зандшулп започна добро и направи брејк во првиот гем, но Надал веднаш направи ри-брејк.

Шпанецот потоа направи уште еден брејк и дојде до можност да сервира за триумф при 5:3 во гемови. Но, Ван де Зандшулп успеа да преживее, да направи брејк и потоа со сигурен сервис да го однесе сетот во тајбрејкот.

Во него, Надал имаше три меч топки при 6:3, но Холанѓанецот не се предаде и успеа да се врати на 6:6. Сепак, во тие моментии квалитетот дојде до израз и Шпанецот го заврши мечот со освоени два поени по ред.

Во женска конкуренција, Французинката Ализ Корне која во претходното коло ја исфрли првата носителка Ига Швјонтек, сега загуби од Ајла Томљановиќ во три сета со 6:4,4:6,6:3. Затоа сигурен настап имаа Симона Халеп која на Паула Бадоса и дозволи да освои само три гема, као Аманда Анисимова со 6:2,6:3 беше подобра од Тан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот