18-годишна девојка од Гевгелија почина од ковид-19, неофицијално била бремена

Тинејџерка од Гевгелија, која според Министерството за здравство имала повеќе хронични заболувања, а според неофицијални информации била и бремена, почина од последиците на ковид-19.

18-годишната девојка побарала лекарска помош во доцната фаза од развојот на симптомите, односно била хоспитализирана во многу тешка здравствена состојба, велат здравствените власти.

Според епидемиолошката анкета, целото семејство било позитивно на коронавирусот, а девојката не била вакцинирана. Таа е втората најмлада жртва на ковид-19 во земјава од почетокот на пандемијата, по 15-годишната девојка која почина минатиот месец во тетовско.

Денеска беа регистрирани 256 новозаразени со коронавирусот, а стапката на позитивни тестови од вкупните тестирања и натаму е околу десет отсто. Не се намалува нити бројката на починати – во последните 24 часа борбата со вирусот ја загуби 31 пациент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот