18 болници во Калабрија пропаднаа поради долговите кон мафијата

epa08808030 Locals enjoy the weather on the first Sunday in lockdown, where the Lombardia Region was declared as a 'red zone', during the second wave of the Covid-19 Coronavirus pandemic in Milan, Italy, 08 November 2020. The Italian regions of Calabria, Lombardy, Piedmont and Val d'Aosta went into a soft lockdown on 06 November as the government's three-tiered system to combat the spread of COVID-19 came into force. These regions have the toughest restrictions under this system after being classed as high-contagion-risk red zones. EPA-EFE/MOURAD BALTI TOUATI

Ситуацијата во регионот Калабрија никогаш не била добра, во поглед во борбата со организираниот криминал. Криминалните организации со децении се длабоко продрени во политичката елита, па на тој начин успеваат полицијата и обвинителство да ги држат подалеку од своите валкани зделки. Но, ситуацијата стана опасна по животот на многумина, кога дури 18 јавни болници беа затворени во Калабрија, поради огромните долгови направени кон фармацевтските веледрогерии, за кои постојат основани сомненија дека се контролирани од мафијашките организации

Италија е правата европска земја што влезе во вителот на пандемијата предизвикана од заразата со ковид-19 и токму потресните сцени снимени во текот на февруари во неколку градови од северот на земјата беа причина за спроведување на строгите здравствени мерки во поголемиот дел од Европа.

Апенинскиот Полуостров не беше поштеден ниту во вториот бран на пандемијата, па Италија повторно е една најтешко погодените земји во светот. Но, овој пат тревогата беше активирана во областа Калабрија, сместена на крајниот дел „чизмата“.

– Вториот бран нѐ погоди многу посилно од првиот. Немаме доволно персонал, а докторите и сестрите веќе се чувствуваат изнемоштено. Се бориме како лавови со заразата. Сето ова можеше да се предвиди, бидејќи за време на летните месеци се однесувавме премногу слободно, кога бројот на позитивните случаи на коронавирусот беше мал – вели директорот на најголемата болница во Реџо Калабрија, Јоле Фантоѕи.

Овој дел од Италија е познат по изработката на маслиновото масло, по прекрасните плажи, историските локалитети и мафијата. Тука се мошне активни илегалните организации Ндрангета и Камора, кои научија како да профитираат и од пандемијата, оштетувајќи го здравствениот систем на Италија, кој и онака колабираше во првото тромесечје на годината кога илјадници луѓе секој нов ден се пријавуваа во болниците.

Двојна епидемија

Ситуацијата во регионот Калабрија никогаш не била добра, во поглед во борбата со организираниот криминал. Криминалните организации со децении се длабоко продрени во политичката елита, па на тој начин успеваат полицијата и обвинителство да ги држат подалеку од своите валкани зделки. Но, ситуацијата стана опасна по животот на многумина, кога дури 18 јавни болници беа затворени во Калабрија, поради огромните долгови направени кон фармацевтските веледрогерии, за кои постојат основани сомненија дека се контролирани од мафијашките организации. Се претпоставува дека преку веледрогериите, мафијата предизвикува вештачки недостаток на лекови и медицински материјал, па болниците се принудени да прават итни набавки по цени кои се пет до шестпати повисоки од реалните. Токму минатата недела во рамки на истрагата која се води околу набавките во пропаднатите болници, беше уапсен локален политичар од градот Реџо Калабрија, кој е осомничен дека ги „перел“ парите на мафијата, заработени од фармацевтските веледрогерии. Локалните медиуми анализираат, дека токму неговиот исказ би можел на истражните органи да им даде нова перспектива во истрагата.

Корупцијата во овој регион е епидемија сама по себе, а од почетокот на пандемијата со ковид-19, двајца регионални здравствени комесари на Калабрија беа сменети. Првиот ја загуби работата откако јавно порача дека маските се бескорисни, убедувајќи ги граѓаните дека постои можност да бидат заразени од вирусот само доколку се бакнуваат со заразена личност подолго од 15 минути.

– Калабрија се најде во ситуација да нема ниту една болница која е минимум подготвена за третирање на пациенти заразени со коронавирусот, бидејќи целиот систем беше веќе пропаднат – вели гинекологот Санто Џофре, кој пред уште пет години ја предупредил јавноста на махинациите во здравствениот систем на регионот, но тврди дека бил замолкнат од локалните властодршци.

Тој вели дека пред очите на лекарите, болничкиот персонал и граѓаните на Калабрија, здравствениот систем бил полека и системски потполно уништен од криминалци.

– Ние не можевме да ги платиме кредиторите, а пронајдени беа и лажни фактури. Мафијата се збогати, а ние повеќе немаме болници, немаме здравствен систем, ситуацијата е алармантна – додава Џофре.

Филипо Колјандро е еден од најславните готвачи на Калабрија, но неговиот елитен ресторан е речиси без гости од крајот на октомври, кога регионот беше тешко погоден од пандемијата. Како човек кој добро го познава својот роден крај, тој е свесен дека во моментов граѓаните и властите се борат на два фронта.

– Во моментов не можам да го видам светлото на крајот од тунелот. Но сигурен сум дека ќе победиме. Ние се бориме со болеста, но и со мафијата. Прво ќе ја победиме болеста, а за втората борба ќе ни бидат потребни уште многу години – вели готвачот.

Мафијата посакува своја вакцина

Организираниот криминал успеа да извлече корист од вонредната состојба предизвикана од пандемијата со ковид-19 до загрижувачка мерка, пишува весникот „Ил фато Квотидијано“, повикувајќи се на извештај на Здружението Антимафија, заснован на полициски извештаи, тужби, прислушувања и други факти собрани низ цела Италија.

Извештајот ги цитира зборовите на еден од шефовите на мафијата, Салваторе Емоло, кој телефонски зборувајќи со деловен партнер кажал дека „со вирусот се прават пари“.

Од почетокот на пандемијата во Италија, почнати се повеќе од 3.000 истраги поради вмешаност на криминални организации во работи поврзани со вонредната состојба поради коронавирусот.

Мафијата е вклучена во набавка на санитарни материјали и лекови, има индиции дека криминални организации се обидуваат да се вклучат во набавка и дистрибуција на вакцини, а особено загрижува можноста за воведување лажни вакцини на пазарот, како што предупреди Министерството за здравство.

Според некои полициски истраги, Мафијата, Ндрангета и Камора веќе се вклучени во работи со медицински отпад, кој мора да се уништи само во специјални согорувачи.

– Тоа е бизнис од милиони долари, имајќи предвид дека од почетокот на пандемијата се потрошени 2,5 милијарди евра на медицински материјали, дистрибуирани се повеќе од 2 милијарди маски за еднократна употреба и откако ќе се користат, сите мора да бидат уништени на пропишан начин. Во тоа, организираниот криминал ја гледа својата шанса за милионска заработка – вели заменик-јавниот обвинител и раководителка на одделот за борба против мафијата, Алесандра Долчи.

Последните извештаи од Калабрија, но и другите делови од Италија говорат дека бројот на заразани започна да се намалува, што е потврда дека пикот на заразата од вториот бран веќе е достигнат. Вирусот на земјата ѝ насесе голема штета, но затоа на виделина ги разоткри матните зделки на мафијата, па можеби во догледен рок Италија ќе се ослободи од злото кое ја подрива со децении?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот