Кајли Џенер приреди „луда“ забава за роденденот на Сторми (ФОТО)

Ќерката на мејкап могулот Кајли Џенер, Сторми Вебстер, викендов наполни 2 години, а нејзината мајка и приреди луксузна роденденска забава.

View this post on Instagram

#stormiworld ⚡️?

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

View this post on Instagram

favorite day of the year ⛈

A post shared by Kylie ✨ (@kyliejenner) on

Темата на забавата беше „Trolls“, кој е омилениот цртан на малата Сторми и таа едноставно е заљубена во ликовите.

Забавата беше загарантирана уште на самиот влез, интерактивни играчки, а лицето на Сторми се наоѓаше насекаде.

И покрај тоа што на некои луѓе целиот концепт им изгледа премногу, повеќе од очигледно е дека сите навистина се забавувале и уживале.

View this post on Instagram

My ?’s

A post shared by Malika (@malika) on

„На роденденот секако беше и таткото на малата Сторми, Тревис Скот, кој со својата поранешна девојка очигледно одлично функционира во одгледувањето на нивната ќерка, тие се навистина прекрасни родители кои среќата на својата ќерка ја ставаат на прво место“, велат нивните блиски.

Присуствуваа и огромен број на познати личности како што се: Хејли Бибер, Анастасиа Караниколау, Карди Би, Роуз Бертрам, Малика, Ким Кардашијан и многу други.

Кајли беше остро критикувана за прескапата забава.

„Какво трошење пари. Се сомневам дека детето ќе се сеќава на забавата. Сè е за родителите.“ „Навистина се надевам дека девојчето ќе порасне со малку смисла за реалноста.“,  „Постои одлична изрека – само затоа што можеш, не значи дека треба да направиш нешто. Вознемирувачко за сегашноста и иднината на детето.“, „Ова ја носи нарцисоидноста на сосема ново ниво!“, се само дел од негативните коментари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот