Денес е „тешка“ 450 милиони долари, но како тинејџерка Елен Деџенерис поминала низ вистински пекол!

Елен Деџенерис (62) е една од најуспешните комичарки во историјата, а за време на својата импозантна кариера успеала во се.

Од стенд-ап комедија, преку позјамување на својот глас за цртани-филмови, до водителка на популарни емисии, миленичката на јавноста, Елен Деџенерис на светот му ги откри своите бројни таленти. Објави неколку книги, а била и домаќин на престижни награди, од Еми до Оскари.

Фото: Принтскрин

Деџенерис е родена во американската држава Луизијана, а пред да ја лансира својата кариера во емисијата „Tonight Show“, работела како стенд-ап комичар во околината на Њу Орлеанс. Денеска таа е „тешка“ повеќе од 450.000 милиони долари, а патот до врвот не бил лесен.

Меѓутоа бројни детали од нејзиниот живот и понатаму се непознати.

Пред да стане светски позната личност, Елен за живот заработувала како и поголемиот број млади личности во САД. Една од работите со кои се занимавала е продажба на правосмукалки, а работела и како келнерка.

За жал, пред тоа, односно кога Елен била инејџерка, во домот каде живеела поминувала низ вистински пекол. Нејзината мајка, Бети се борела со ракот на дојката, а додека таа не била дома, нејзиниот очув ја користел секоја прилика за да ја злоставува. Тоа започнало кога Елен имала 15 години. Како што зборувала во интервјуата, очувот и ги допирал градите со изговор дека мора да провери дали и таа рак на дојка. Еднаш побегнала од дома низ прозорот од својата соба, бидејќи очувот се обидел да и провали во собата. Таа за овие трауматични искуства јавно прозборе за да им помогне на другите кои се соочуваат со ист вид на злоставување.

Како стенд-ап комичарка во 80-те години била на турнеја, а прекарот го добила по „Showtime“. Нејзината кариера од тогаш почнала да расте…

 

Eлен во една од своите емисии откри дека е геј, а со оглед на тоа дека во тоа време бeше многу популарна, поради својата сексуална ориентација и пропаднаа неколку спонзорски договори.

Таа и нејзината партнерка Ен Хеч во тоа време беа многу популарни и како пар. Исто така малкумина знаат дека нив две ги споил актерот Винс Вон. Сепак, најбитен е фактот дека Елен го направи тоа јавно, со оглед на тоа колку поконзервативен беше Холивуд околу ова прашање пред само 20 години.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот