Во Кина нема паника од корона вирусот, тврди српски студент

Меѓутоа, вели, иако состојбата е мирна и без паника, во воздухот се чувствува непријатна тензија бидејќи во моментов се работи за најголемата епидемија во светот.

Дваесет и седумгодишниот Стефан Војниќ од Белград, во моментов се наоѓа во најопасниот град во светот Вухан, но не стравува од зараза бидејќи се придржува до сите правила. И покрај тоа, тој сепакнедвај чека да се врати дома.

Стефан го опишува градот Вухан како „град без луѓе“, затворени се сите видови на јавен превоз, автобусите, метроата и аеродромите. Во дел од маркетите полиците се празни, но има доволно намирници за сите.

„Нема паника, барем јас не ја забележувам“, истакнува тој за „Танјуг“ и наведува дека сите се придржуваат до правилата – носат маски на улиците, избегнуваат контакт со луѓе и со животни, но и редовно ги мијат рацете.

Меѓутоа, вели, иако состојбата е мирна и без паника, во воздухот се чувствува непријатна тензија бидејќи во моментов се работи за најголемата епидемија во светот.

„Строго се придржувам до правилата, но не чувствувам некој страв од заразата. Тешко и дека можам да се заразам бидејќи не доаѓам во контакт со други луѓе, одам во продавници, се враќам назад во собата и времето го минувам во затворен простор“, го опишува својот ден Стефан.

Тој исто така посочува дека во медиумите се шират некои лажни вести, како што е тоа што вирусот се пренесува преку очите, или дека луѓето паѓаат на улиците заради коронавирусот.

Стефан дошол во Вухан во септември минатата година да студира, а планирал да се врати во Белград на 6 февруари, за што купил билет.

Сепак, неговото враќање засега e неизвесно.

„Бидејќи градот е целосно блокиран, дури и околните градови, па дури и целата оваа провинција, јас сега сум во контакт со српската амбасада за да видам дали можам некако да ја напуштам покраината и да летам од друг град“, рече Стефан за Танјуг.

Според информациите, српските власти стапиле во контакт со петорица српски државјани кои живеат во моментов во Вухан и сите се здрави. Тројца од нив изразиле подготвеност да бидат евакуирани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот