17 пациенти починаа во скопските болници, најмладиот има 31 година

Скопје, окомври 2020 / Фото: Драган Митрески - Слободен печат.

Како што информираше Министерството за здравство, во изминатото деноноќие починаа вкупно 41 пациент со компликации од ковид-19, од кои 17 се од Скопје. 

Најмладиот од починатите е 31-годишен скопјанец, кој во текот на изминатото деноноќие ја загуби битката со ковид-19.

Во Скопје во последните 24 часа животот го загубија уште 16 лица, а во главниот град моментално има 10382 активни случаи со ковид-19.

Животот го загубија и четири пациенти од Охрид на возраст од 60 до 74 години, а исто толку починаа и во Гостивар на возраст од 54 до 91 година. Три лица ја загубија битката со ковид и во Струмица тие се на возраст од 78, 63 и 70 години. Бројот на починати во Битола е ист како и во Струмица, а починатите пациенти се на возраст од 75, 60 и 77 години.

Нови 1022 позитивни случаи на ковид-19 во земјава, починати се 41 лице

По двајцата пациенти изгубија и Прилеп (56 и 71 г) и Велес (76 и 58 г). Во денешната статистика на починати се регистрираат и пациенти од Кавадарци (67г), Радовиш (67г), Кочани (68г), Пробиштип (85г), Валандово (75г) и Кичево (66г).

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот