„Дебела“ фотографија на суперзгодната Џилиен Мајклс

Познатата фитнес тренерка Џилиен Мајклс на својот Инстаграм профил аподелила фотографија од своите млади години на која со своите 159 см. висина имала 80 килограми!

Фитнес инструкторката со совршено тело Џилиен Мајклс, од која се инспирираат илјадници жени ширум светот, меѓу кои и богатите и славните, објавила фотографија од младоста кад се гледа дека има „замашни“ облини.

Фотографијата била последица на коментарот на Џилиен упатен до пејачката Лизо со што предизвикала лавина од реакции на Tвитер од страна на фановите на Лизо. Имено, коментарот се однесувал на телесната тежина на пејачката, а зборовите биле „ќе биди супер ако Лизо добие дијабетес”.

Џилиен, првпат се „намерачи“ на Лизо во едно интервју на „Базфид“ во кое зборувала за самоприфаќањето, но рече дека е погрешно да се слави дебелината. Џилиен јавно прашала – „Зошто го славиме нејзиното тело, зошто тоа е важно? Зошто не ја славиме нејзината музика? Јас и моето дете ја сакаме нејзината музика, но никогаш нема да кажам – мило ми е што има вишок килограми”

Тој нејзин коментар предизвикал голем број на коментари, а меѓу нив се јавила и глумицата Џамила Џамил која на Твитер напишала:  „Сите членови на моето семејство се слаби и имаат дијабетис и проблеми со зглобовите. Престанете да ги омаловажувате дебелите луѓе и копајте во вашето сопствено ѓубре. ”

Потоа, Џилиеан на Инстаграм напишала „Како што повеќе пати ви напоменав, сите сме убави, вредни и подеднакво заслужни. Исто така се чуствувам силна да кажам дека се сакаме доволно за да можеме да си признаеме дека постојат озбилни здравствени последици кои доаќаат со дебелината – срцеви болести, дијабетес, рак …Никогаш никому не би му посакала да биде болен и се надевам дека ќе си дадеме приоритет на себеси и на своите тела”.

Дури и по тој коментар Џилијан добивала негативни коментари, но и таа не останала „должна“, па напишала „Дебелината е присутна во општеството многу долго и луѓето порано се срамеле, а сега работите одат во друга крајност. Борбата против дебелината е како на алкохоличар да му кажеш, браво, во ред, е сега повели една водка.”

Џилиен не застанала тука, па одлучила да објави своја фотографија на која очигледно има повеќе килограми, а мотивот и бил „ако можам јас, можете и вие”. Освен тоа, се присетила на тој период од својот живот.

„Бев буцкаста во пубертетот, имав 80 килограми, а сега имам 53 килограми. Храната ми беше утеха, но ја користев и како врска со татко ми, кој сакаше многу да јади и беше предебел” . Џилиен почнала да вежба кога нејзината мајка ја запишала на часови за боречки вештини за полесно да го преболи разводот на своите родители. Џилиен ( 45 години ) рекла дека на 30 години почнала здраво да се храни.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот