Бошњаковски: Возилата од Земјоделство не се користат, затоа ќе се стават во функција на Итната помош

Фото: МИА

Дополнителни осум возила што ќе бидат земени од Министерството за земјоделство не биле употребувани и сега ќе се ставаат во функција за потребите на Првата помош, рече владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

-Министерството за здравство набавува 12 нови амбулантни возила. Овие осум постоеле во МЗШВ и биле речиси неупотребени. Идејата сега е целисходно да се искористат. Да им се најде употребна вредност – рече портпаролот.

Од Министерство за земјоделство објаснуваат дека овие возила биле распределени во подрачните единици, но многу малку се употребувале бидејќи не биле погодни за на терен. Станува збор за возила марка пежо боксер 2012, кои се набавени од претходната власт.

Бошњаковск рече дека „мерцедесот“ е сѐ уште дел од судската постапка поради што Владата не го користи.

– Мерцедесот е симбол на едно расипништво. Оваа Влада се откажа од него. Премиерот никогаш не го користи тој  мерцедес. Мерцедесот е дел од судска постапка и се додека постапката е активна, мерцедесот ќе остане таму каде што е, во дел од таа судска постапка на СЈО. Во истиот момент кога ќе заврши, кога ќе биде овозможено негово менаџирање во иднина, ќе видиме што ќе се случи. Но, Владата набавува нови возила за Службата на прва помош -рече Бошњаковски.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот