163 сообраќајни прекршоци во Скопје, 53 санкционирани мотоциклисти

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.05.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 163 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 27 санкција, девет за возење без возачка дозвола, 53 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, четири за нерегистрирани возила. Изречени се девет санкции за користење мобилен телефон, шест за некористење сигурносен појас, 37 санкции за непрописно паркирани возила.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот