16-годишно девојче падна во дол кај Струмица – ЦУК ја извлече

Вечерва околу 20.30 часот на 112 е добиен повик од возрасна жена која известила дека нејзината ќерка е падната во увала во близина на манастирот Свети Илија над Струмица но не ја знае точната локација. Воедно известила дека ќерката има повреди на главата, информираа од ЦУК.

Операторите од 112 ја смириле видно вознемирената мајка и побарале од неа да ја извести ќерката да се јави на 112 за да се утврди локацијата на која се наоѓа.

„Ќерката се јавила на 112 исплашена и вознемерина, кажала дека има повреди на главата и дека не знае да го посочи точното место на кое паднала. Операторите од 112 преку системот на 112 ја утврдиле точната локација а ооеративците од Секторот за операции и координација од ЦУК итно ги известиле СВР Струмица, ТППЕ Струмица и Итната медицинска помош од Струмица. Сите посочени екипи веднаш излегле на терен, ја пребарале посочената локација и откако најпрво викајќи оствариле гласовен контакт со повреденото и исплашено лице набргу потоа успеале да ја најдат. Во моментот се работи на нејзино извлекување“, стои во соопштението.

Веднаш после ова соопштение, директорот на ЦУК, Ангелов информираше дека девојчето е извлечено и се наоѓа во струмичката болница.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот