16 години од смртта на Ѓорѓи Колозов: Местото каде сè започна (ФОТО)
Денеска се навршуваат 16 години од смртта на легендарниот македонски актер Ѓорѓи Колозов.
Многу генерации пораснаа, а новите сè уште растат со „чорбаџи Ѓорѓија“ од Македонските народни приказни, а Колозов засекогаш ќе остане запомнет по неговите познати реплики.
Долгогодишниот колега на Колозов, македонскиот актер Лазар Бараков, на својот профил на Фејсбук сподели фотографија од куќата позната од сцените во македонските приказни.
„Местото каде сè започна! Куќата на чорбаџи Ѓорѓија е празна, пред неа стои само неговиот верен побратим!
…а нашиот чорбаџија го нема, ги нема ни приказните… нема ништо од тоа време… само двор полн со сеќавања и спомени.
Ја нема веќе меаната која беше исполнета и зрачеше со крикот на извонредните и маестрални гласови и креации на Гоце, Ванчо, Дади, Ѓокица, Мешко… ги нема истите луѓе, ја нема магијата… само легендите да сведочат за тоа време…носталгија…“, напиша Бараков.