157 санкции за брзо возење во тетовско

Сообраќај / Фото: Архива на Слободен печат

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи и полициски службеници од  ПС за БПС Тетово вчера (24.01.2021) спроведоа засилена акциска контрола во областа на сообраќајот во тетовско  и на автопатот Скопје-Тетово, при што санкционирани се 157 возачи кои возеле со брзина над дозволената. 93 прекршоци се констатирани на автопатот Скопје-Тетово, а останатите на подрачјето на Тетово. Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот