152 сообраќајни прекршоци во Скопје, 12 санкционирани возачи на мотоцикли

Фото: МВР

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.06.2021) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 152 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 16 санкции, 10 за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се пет санкции за користење мобилен телефон, 12 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, седум за некористење сигурносен појас, 87 санкции за непрописно паркирање.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Видео на денот