15 натпреварувачки на „Мис Мексико“ заразени од ковид-19

мис мексико корона

Организаторите на „Мис Мексико“ продолжиле со одржување на натпреварот и покрај тоа што скоро половина од натпреварувачките се заразиле од ковид-19, пренесува „The Guardian“.

Најмалку 15 од 32 натпреварувачки на изборот за „Мис Мексико 2021“ биле позитивни на коронавирусот. Еден член на персоналот, исто така, бил позитивен на тестот, според секретарот за здравство Едуардо Фернандез Ерера на сојузната државата Чивава.

„И покрај тоа што многу (од натпреварувачките) кашлаа, имаа болки во телото, па дури и температура, тие ги замолија да не се жалат“, изјавил извор од натпреварот за весникот „Reforma“.

Во пресрет на натпреварот, натпреварувачките отпатувале до училиште во кањонот „Copper“, кое било управувано од монахињи за автохтони деца од заедницата Тарахумара, каде што доставувале училишен прибор и се фотографирале со учениците. Изворот рекол за „Reforma“ дека на тоа патување „минимум 10 (натпреварувачки) имале симптоми“.

Организаторите продолжиле со одржувањето на натпреварот на 1 јули, два дена пред предвидениот рок. Не е познато зошто датумот бил променет, а организаторите не коментирале. Властите за здравство во државата Чивава ги обвиниле организаторите дека не соработуваат и се обидуваат да ги прикријат случаите на ковид. Државниот секретар за здравство во соопштението рекол дека информации за ситуацијата добиле од анонимен извор.

„Државниот секретар за здравство жали за недостатокот на искреност и транспарентност од организацискиот комитет“, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот