1,5 милиони евра Градот наменил за чистење на улиците од снежни врнежи

Градот Скопје е подготвен за првите снежни врнежи. Како што информираат од Градот, обезбедени се 6.000 тони индустриска сол, од кои 2.000 тони се залиха од минатата зимска сезона. Исто така обезбедени се и 300 тони ладна асфалтна маса за санација на оштетените сообраќајни површини.

Екипите на Град Скопје во зимски услови одржуваат коловозни површини од 2.600.000 квадратни метри.

ЈП „Улици и патишта” изготвува и предлага Оперативен план за функционирање на зимската служба и е носител на активностите за зимското одржување со целокупната механизација и расположливиот кадровски потенцијал. И оваа година Град Скопје ќе ангажира дополнителна механизација од 15 камиони од фирмата „Аполо”, кои се опремени со навигациски уреди.

Според информациите објавени на Електронскиот систем за Јавни набавки, договорот со друштвото за производство трговија и услуги „Аполо инженеринг“ ДООЕЛ експортимпорт, е вреден 64.900.000 денари или околу еден милион евра.

Градот исто така склучил договор и со друштвото за промет на големо и мало, застапување, посредување и реекспорт „КИ-ЕМ“ ДООЕЛ експорт-импорт Скопје, во вредност од 20.862.400 денари или околу 339.000.

Обезбедените материјали се складирани во трите пункта на ЈП „Улици и патишта” – асфалтната база на ЈП „Улици и патишта” во кругот на фабриката „Железара”, Стара механизација на ул. „Христо Татарчев” во Кисела Вода и во Ѓорче Петров на ул. „Лепенец”. Во пунктовите се организирани 24 часовни дежурства, а материјалите ќе се употребуваат согласно со временските услови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот