15 лица се во тешка состојба, едно лице починало на Клиниката за инфективни болести

Едно лице починало на Клиника за инфективни болести, брифираат од Министерството за здравство.

– Изминатите 24 часа на Инфективна клиника во Скопје се хоспитализирани 6 пациенти, во моментов вкупно хоспитаизирани се 74 пациенти, од кои 15 се во тешка состојба. На клиниката е примено и 2 годишно дете, кое е во стабилна состојба, додаваат од Министерството.

Досега се заразени 52 здравствени работници, 34 од нив коронавирусот го добиле во болнички или амбулантски услови.

На третман со антималарици на клиниката за инфективни болести се ставени 15 пациенти и дел од нив се пуштени на домашно лекување.

Врвот на пандемијата во земјава се очекува за 2 до 3 недели, доктор Караџовски апелира:

– Без разлика на се останете дома и така ќе ве вклучиме во тимот кој се грижи за вашето здравје. Бидете тимски играч заедно со нас, вели Караџовски.

Здравствената инспекција направила 90 вонредни инспекциски надзори.

Мобилна апликација која треба да ја симнат што поголем број граѓани ќе им помага на епидемиолозите да имаат пристап до контактите на заразените со ковид 19.

Здравствените власти ќе водат жестока кампања што поголем број на луѓе да ја симнат апликацијата. Кога граѓанинот ќе ја симне апликацијата ќе треба во секое време да има вклучен bluetooth.

Кога граѓанинот ќе ја симне апликацијата ќе му биде доделен посебен апликациски број кој нема никаква врска со телефонскиот број на граѓанинот. Потоа на неговиот мобилен ќе бидат регистрирани апликациските броеви на сите што биле во близок контакт со него. Ако во иднина човекот се зарази со коронавирус Министерството за здравство ќе му ги побара апликациските броеви зачувани на неговиот телефон кои дури тогаш ќе ги спари со мобилните броеви за да ги најде луѓето кои му биле контакти.

На сметката за донации на Министерство за здравство стигнале пола милион евра. Бројот на дијагностицирани и понатаму се зголемува. Официјалните бројки ќе бидат соопштени во 15 часот на пресконференција, велат од МЗ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот