15 гастрономски тајни на најдобрите готвачи во светот

За оние што готват со љубов отвењето готвењето знае да биде уметност.

За да подготвите вкусна храна, потребно ви е не само талент, туку и школо. Освен тоа, како и секоја уметност и готвењето има свои тајни кои се пренесуваат. Еве неколку трикови, со кои јадењето кое го подготвувате не само што ќе го направат повкусно, туку и достојно за најдобрите ресторани во светот.

  1. Сакате лути пиперчиња, но стравувате од нивната лутина? Потребно е само да ја исчистите пиперката од нејзините семчиња, исчиститет го внатрешниот дел и измијте ја во ладна вода. Вкусот ќе се задржи, а лутината ќе ја снема.
  2. За да подгответе компир со крцкава кора без пржење во масло, посипете го компирот со брашно, измешајте и испечете го во рерна.
  3. Не сте сигурни дали зеленчукот треба да се стави во ладна или врела вода? Одговорот е лесен: зеленчукот кој расте под земја се става во ладна вода, додека оној што расте над земја се става во врела вода.
  4. Водата во која се варел лупениот компир искористете ја за подготовка на супи и чорби, бидејќи содржи витамини и хранливи материи.
  5. Многу е едноставно да се исецка кромид на коцкички. Најпрво пресечете го кромидот на пола, потоа пресечете му го врвот, направете неколку хоризонтални пресеци, па неколку вертикални и на крај пресечете го попреку. Ќе добиете коцкички чија големина зависи од бројот на пресеците што сте ги направиле.
  6. Исечканиот кромид при динстањето побрзо ќе омекне и подеднакво ќе зацрвени, кој во текот на динстањето се посипува со малку шеќер. Ова се однесува и на морковите.
  7. Еден од важните трикови кои не дозволува да се залепат тестенините, е во тоа да ставите поголема количина на вода во садот. На 100 грама тестенини потребно е најмалку 1 литар вода. Така ќе постигнете идеален резултат.
  8. Уште еден трик кој мора да го примените е да доколку рецептот за сос за тестенини содржи вода, искористете ја течноста во која претходно сте ги вареле тестенините.
  9. За пирето од кромпир да биде воздушно, заедно со млекото на врвот од ножот додадете и сода бикарбона, столчето го со вилушка(или со миксер) 2-3 минути.
  10. Постојат неколку начини кои можете да ги искористите за да исцедите од цитрусот многу повеќе сок. Можете некое време да ги држите во топла вода, или да ги загреете 15-20 секунди во микробранова печка или тркалајте ги по масата притискајќи ги со дланката.
  11. За оризот да биде повкусен и растресит подготвувајте го во тава. Пред да додадете вода, пропржете го во малку масло. За да му додадете нежен вкус на лук на оризот ставете во водата едно чешне лук (може и неисчистено), а кога оризот ќе се зготви, извадете го.
  12. На сите ни е познато дека на работната површина на која го растегаме тестото треба да се посипе брашно. Доколку месите благо тесто, наместо брашно ставете малку какао во прав:тоа нема многу да влијае на вкусот на колачот, но ќе остави доволно блага арома.
  13. Секој готвач има своја тајна за подготовка на идеален бифтек, но сите имаат едно заедничко правило: тавата мора да биде толку загреана, што од неа мора да излегува дим.
  14. При пржење на риба маслото нема да прска ако во загреаното масло се стави малку сол и брашно.
  15.  За да подготвите идеално тесто, придржувајте се кон едно едноставно правило: оставете го путерот (маргаринот) и јајцата преку ноќ на собна температура.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот