15-годишно момче изврши самоубиство пред целиот клас, а неговата песна ја слушнаа милиони (ВИДЕО)

Фотографија: YouTube

Пролетта 1991 година, пејачот на групата „Pearl Jam“ Еди Ведер, читал весници кога наишол на шокантен наслов за самоубиство на тинејџер. Петнаесет-годишниот Џереми Дел од необјасливи причини одлучил да изврши самоубиство пред целиот свој клас во средното училиште во Ричардсон, во сојузната држава Тексас.

Ведер длабоко го потресла веста и во истиот момент заклучил дека мора да му оддаде почит на момчето. Така и настанал „Jeremy“, една од најпознатите песни во деведесетите, инспирирана од животот и смртта на Џереми Дел. Сепак, пријателите и роднините на Џереми тврдат дека песната баш и не го следи неговиот живот , и покрај тоа што многумина и денес ја обожаваат, изгледа дека популарноста на песната ја засенила вистината и трагичната приказна за Џереми.

Тој 8 јануари 1991 година, 15-годишниот Џереми малку задоцнил на часот по Англиски, а неговата учителка му рекла да се јави во надлежната канцеларија и донесе формулар за присуство. Наместо со формуларот, Дел се вратил со револвер од марката „Smith & Wesson“.

Моментот пред да се самоубие пред своите врсници, се свртел спрема наставничката и рекол: „Госпоѓо, го имам тоа по кое што навистина отидов“.

Брајан Џексон, кој идел во истото училиште, се наоѓал во ходникот покрај својот шкаф кога слушнал истрел: „Звучеше како некој да удри со книга по стол. Мислев дека се работи за претстава или нешто слично, а тогаш слушнав вресок и видов како уплакана девојка истрчува од училницата“

Кога видел низ вратата, видел како Дел крвари на подот и сфатил што се случува: „Наставничката стоеше покрај ѕидот, плачеше и се тресеше. Некои стоеја покрај неа и ја држеа за да не припадне“

Хауард Пер Фелман се наоѓал во другата училница и баш како Џексон, помислил дека се работи за претстава или шега, но тогаш слушнал језив врисок.

Иако поради медиумските натписи сите знаеле дека Дел се самоубил, многу малку ја знаеле причината зошто го направил тоа.

Соучениците од неговиот клас го паметат како срамежлив и тажен, но никој не очекувал дека ќе се самоубие. Тие воопшто не ни насетиле дека има нешто чудно во неговото однесување.

Сепак, Лиза Мур, која го познавала и си разменувала пораки со него, тврди дека во деновите пред самоубиството се однесувал малку поинаку него вообичаено. Своите пораки секогаш ги потпишувал на ист начин, но ден пред самоубиството нешто се променило:

„Во пораките кои ги разменувавме секогаш зборевме за животот и слични работи, а секоја ќе ја потпишеше со ‘пиши ми’, но во понеделник (7 јануари) напиша само „later days“ (што во превод значи се гледаме подоцна, наскоро, некогаш или никогаш). Не знам што би мислела во врска со тоа, но воопшто не помислив дека можеше ова да се случи.“

Според мислењето на полицијата, Џереми најверојатно сето тоа го смислил однапред бидејќи револверот го чувал во своето шкафче, а оставил и проштално писмо. Содржината на тоа писмо е непозната. Некои извори дури тврдат дека напишал повеќе пораки за сите свои пријатели. Таткото на Џереми бил повикан во чилиште за да се решат проблемите со честите изостаноци, а заедно тргнале дури и на советување.

Меѓутоа, од песната на Прл Џем, можете да создадете потполно поинаков впечаток, бидејќи таа збори за момче чии родители не му обрнувале внимание и ги игнорирале повиците за помош. Блиски пријатели и членови на семејството тврдат дека тоа не би можело да биде поголема лага. Британи Кинг, пријателката на Џереми, јавно ја критикувала песната тврдејќи дека оформува погрешна слика: „Бев лута на нив поради таа песна, бидејќи немаат поим и не беа таму. Нивната приказна не е точна“.

YouTube принтскрин

Песната „Џереми“ стана огромен хит на групата Прл Џем, а нивниот албум „Ten“ на кој се наоѓа таа, завржи на врвот на топ-листите. Во исто време, семејството на Џереми се справуваше со тешките последици од трагедијата.

Родителите на Дел, Џозеф Дел и Ванда Крејн, биле разведени, а Џереми живеел со татка си. Ведер не ги контактирал во врса со песната и покрај тоа што двајцата имале огромни замерки, пред се затоа што синот го свеле само на приказна за самоубиство. Џозеф Дел тогаш дал и изјава во врска со „фановите“ кои на гробот на Џереми оставаат пораки и бендот кој им ја зголеми тагата на родителите на Џереми.

„Секогаш и одново таа песна ги обзема и само говори за омразата која ја имаат спрема Еди Ведер. Мојата тага и патење стануваат подлабоки со секој повик, порака и меил. Луѓето кои никогаш не го познавале одлучија да напишат песна, снимат спот и пишуваат текстови за тој ден. Луѓето кои со него немале личен однос, го сведоа неговиот живот само на еден ден. Постои толку многу за животот на Џереми, а не само тој суден ден“, напиша Дел.

Ведер тврди дека размислувал за тоа да го исконтактира неговото семејство, но одлучил да не го прави тоа бидејќи „не сакал да биде наметлив“. Признава и дека дошол до заклучок дека родителите го занемарувале, а никогаш не зборувал со нив.

Мајката на Џереми, Ванда, исто така минатата година се присетила на тагата која и ден денес ја чувствува: „Денот кога тој почина, не го дефинира неговиот живот. Беше син, брат и пријател. Беше талентиран уметник. Освојуваше награди и тоа уште пред да наполни 12 години.“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот