15 години од неверојатниот пресврт на Ливерпул! (ВИДЕО)

фото: твитер

Херој на „црвените“ од „Енфилд“ беше и голманот Дудек кој имаше неверојатни одбрани, а воедно го запре и ударот на Шевченко од белата точка.

На денешен ден 25 мај 2005 година во Турција се одигра еден од најинтересните финални натпревари за трофејот во Лигата на шампионите. На мечот во Истанбул на „Ататурк“ Олимпискиот стадион пред скоро 70.000 илјади гледачи Ливерпул успеа да ја освои титулата, иако после првото полувреме не се најавуваше такво нешто.

Во првите 45 минути Милан водеше дури со 3:0, уште во првата минута стрелаше Малдини, а потоа и Креспо двапати се запиша во листата на стрелците. Редси не се предадоа, Џерард, Шмицер и Алонсо се погрижија целосно да се вратат надежите, а победникот го дознавме во пенал серијата.

Кај „росонерите“ непрецизни беа Сержињо, Пирло и Шевченко, а на спротивната страна во составот на тогашниот менаџер Рафа Бенитез од белата точка реализираа Хаман, Сисе и Шмицер.

Херој на „црвените“ од „Енфилд“ беше и голманот Дудек кој имаше неверојатни одбрани во текот на мечот, а воедно го запре и ударот на Шевченко од белата точка.

Тоа беше вкупно петта титула за Ливерпул во ЛШ, до шестата дојде лани, но истата нема да ја брани поради елиминацијата од Атлетико Мадрид сезонава во осминафиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот