148 мигранти откриени кај Демир Капија и Ваксинце

Фото: Илустрација

Вчера во 8.50 часот од полициски службеници од Полициската станица Неготино, во близина на Прждевски споменик, Демир Капија, било сопрено патничко возило „ауди“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(35) од Скопје, а веднаш по него и товарно возило „мерцедес“, со битолски регистарски ознаки.

Возачот на товарното возило, А.М.(37) од Липково се дал во бегство, но по кратко бил пронајден. Во товарното возило биле пронајдени 103 мигранти од Пакистан, Авганистан, Индија, Египет, Иран и Сирија.

Исиот ден во 19.10 часот во Полициската станица за граничен надзор Сопот било пријавено дека на место викано „Врело“ во село Ваксинце, било затекнато товарно возило „ивеко дејли“, со скопски регистарски ознаки, управувано од непознато лице, кое се дало во бегство, а во возилото биле пронајдени 45 лица мигранти од Сирија, Бангладеш, Сомалија, Пакистан и Палестина.

Мигрантите биле сместени во Транзитниот центар „Табановце“ за понатамошна постапка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот