Полицијата уапси пет дилери

Пет дилери од Скопје се уапсени вчера на три различни локации, извести Министерството за внатрешни работи.

Според полицијата, во 13.15 часот, полициски службеници на улицата „Христо Татарчев“ во Скопје го уапсиле О.М. (43) кој во јакната имал сокриено марихуана.

Во 14.45 часот полициска патрола во Гази Баба ги уапсила В.Д.(37) и С.И.(43). Кај двајцата дилери е пронајден хероин и марихуана.

Синоќа пак, во близина на наплатна рампа на магистралниот пат Тетово – Гостивар се уапсени Ќ.Б.(23) и А.А.(24). Во возилото во кое тие се возеле полицијата пронашла и одзела хероин.

Од МВР велат дека против петмината дилери ќе бидат поднесени кривични пријави.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот