Кој стои позади атентатот врз Трамп? Падна првото обвинение
Тројца луѓе се обвинети за учество во заговор организаран од Иран за атентат врз новоизбраниот претседател Доналд Трамп. Според кривичната пријава се работи за иранско-американски активист и двајца еврејски Американци кои живеат во Њујорк, пишуваат западните медиуми.
Еден од обвинетите бил изнајмен да го надгледува и да го убие Трамп за да се одмазди за смртта на Касем Сулејмани, водачот на иранските елитни сили, во напад на американско беспилотно летало во Багдад во јануари 2020 година
Кривичната пријава е поднесена денеска во јужниот округ на Њујорк, соопшти „Вашингтон пост“.
Атентатот требало да биде извршен за време на кампањата на Трамп за негов реизбор за претседател.
Службено лице запознато со истрагата изјавило под услов за аноноимност дека двајца од обвинетите се уапсени, соопштува весникот.
Комисијата што го истражуваше обидот за атентат на Трамп: На Тајната служба ѝ требаат реформи