14. шампионска титула за Вардар

фото: РК Вардар

Ракометарите на Вардар ја освоија 14 шампионска титула во домашниот шампионат откако во последното коло во Суперлигата со 39:27 го совладаа Металург.
Дилемите околу победникот веа решение уште во првото полувреме кое Вардар го доби со 21:10. Најпрецизен кај шамионот беше Валчак со пет гола, додека по четири дадоа Георгиевски, Талески и Дибиров, а кај Металург се истакна Калуѓеровиќ со девет погодоци.

Клучниот натпревар кој му ја донесе титулата на Вардар беше дербито со Е. Пелистер во Скопје 35:27, додека вториот меч во Битола заврши 29:25 со што на „црвено-црните“ поради подобриот меѓусебен скор им беше потребно само до крајот да победат на сите натпревари, тоа го сторија и на крајот ја освоија 14 шампионска титула.

Е. Пелистер со убедливи 30:14 го совлада Охрид но на крајот мораше да се задоволи со второто место. На третото место заврши Пролет, додека четврти е Металург.
Вардар и во идната сезона ќе игра во Лигата на шампионите, Е. Пелистер ќе Лигата на Еворпа, додека Пролет и Металург ќе играат во квалификациите за пласман во Лигата на Европа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот