14 прекршувања на ограничувањето на движење во Куманово

Во периодот од 21 часот на 03.04,2020 (петок) до 07 часот на 05.04.2020 (недела) на подрачјето на Куманово регистрирани се 14 прекршувања на мерката забрана за движење.

Од МВР известуваат дека превземени се мерки и активности при што 12 лица се лишени од слобода, а за две лица се земени податоци.

Ограничувањето на движењето на територија на Куманово продолжува до 05 часот на 06.04.2020 (понеделник).

– Апелираме до граѓаните да ја почитуваат забраната за движење, а непочитувањето ќе биде санкционирано согласно член 205 и 206 од Кривичниот законик, се вели во соопштението од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот