14 мажи од Гана измамени и испратени да служат воена служба за Русија

Source: TV3 News

Четиринаесет мажи од Гана биле измамени од работнички агент да се приклучат на руската армија.

Според „GhanaWeb“, кој се повикува на интервју со едно од измамените лица на ТВ3 вести, на овие жители им биле ветени добро платени работни места во Русија.

Групата патувала од Гана до Русија преку Того.

Набргу по нивното пристигнување, тие биле однесени во Кострома за да потпишат, како што биле убедувани, договор за работа. Сепак, се покажа дека станува збор за договор за воена служба со руската армија за војната во Украина.

„Овде не донесе Абрахам Боакје. Ни кажа дека има можности за работа овде во Русија, поточно во безбедноста и земјоделството. Па сами си ја плативме авионската карта и визата. Војската не донесе во Русија. Ни рече дека тоа е работа на обезбедувањето, но кога го донесоа договорот, помисливме дека е договор за наше образование“, изјави во интервју за новинарот на ТВ3, Годвин Асидиба, една од жртвите.

Од 17 септември тројца од четиринаесетте мажи останаа живи, додека другите се водат како исчезнати.

Според „GhanaWeb“, руската амбасада во Гана се уште не одговорила на прашањето околу наводното регрутирање мигранти од Гана за учество во војната против Украина.

Ова не е прв пат мигрантите од други земји да бидат принудени да потпишат договори за да се приклучат на војската во Русија.

На пример, на 17 септември се дозна дека азербејџанското Министерство за надворешни работи испратило нота до руското Министерство за надворешни работи во врска со Азербејџанците приведени во Чеченија. Тие, наводно, биле испратени во војна против Украина со сила.

На 13 септември 2024 година, беше објавено дека 45 индиски државјани биле спасени од воената зона и отпуштени од руската војска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот