14-годишен возач се судрил со друг тинејџер во скопско, тој и уште едно дете се тешко повредени

14-годишно момче од Скопје и неговиот другар и врсник се тешко повредени откако доцна синоќа со автомобил се судриле со 19-годишен возач, кој по несреќата избегал од местото, соопшти МВР.

„На 24.03.2023 околу 01.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионалниот пат Скопје – Тетово, кај бензинска пумпа во с.Арнакија, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо” со скопски регистарски ознаки, управувано од 14-годишник од Скопје и патничко возило „Рено” со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.С.(19) од Скопје, кој го напуштил местото на несреќата. Притоа, со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „Пежо” и неговиот 14-годишен сопатник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза”, додека уште еден 14-годишен сопатник се здобил со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември’“, велат од полицијата.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот