ВИДЕО | 14 години без Тоше, Балканот никогаш нема да го заборави најцрниот 16 октомври

Тоше Проески 16 октомври
Години подоцна, Балканот сѐ уште тагува за човекот којшто нѐ сакаше сите - Тоше Проески / Фото: EPA/VLATKO PERKOSKI/GEORGI LICOVSKI

Денес се навршуваат 14 години откако македонскиот пејач Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка. Балканскиот Елвис Присли, како што го нарекоа BBC News, нѐ напушти на 26-годишна возраст, оставајќи неизбришлива трага како човек.

На 16 октомври 2007 година во македонската јавност одекна една од најстрашните вести, настан кој никој никогаш не помисли дека може да се случи и кој најпрво личеше на несолена шега, но потоа официјалните информации го потврдија она од кое се плашевме – Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа во Хрватска.

Во спомен на музичарот кој не сакаше да му симнуваат капа, туку да се гордеат со него, маратонците и оваа година ќе истрчаат меморијален маратон, од Нова Градишка во Хрватска, до Крушево во Северна Македонија, каде што почива Тоше Проески. Маратонот започна на 14 октомври во 17 часот, од стадионот на фудбалскиот клуб Слога во Нова Градишка.

Колку беше големо срцето на Тоше, и како секогаш им помагаше на оние на кои тоа им беше најпотребно, покажува и неговиот збор „Ве сакам сите“. Пејач со ангелски глас и топла душа, живееше за концерти и размена на енергија со публиката. На неговиот последен концерт во кариерата, на Градскиот стадион во Скопје, на 5 октомври 2007 година, кога средствата беа наменети за обнова на сто основни училишта низ Македонија, тој доби статуетка на Мајка Тереза, од истоимената фондација, во знак на благодарност за хуманитарната работа. Тој го даде на неговата мајка Доминика, која го научи од рана возраст за важноста на добротворната организација. Тој имаше посебно барање до публиката таа вечер – ги замоли да направат „ѕвездено небо“ со мобилните телефони и да не дозволат тоа да згасне.

И нема да згасне…

ВЕЧНА СЛАВА АНГЕЛУ НАШ!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот