139 сообраќајни прекршоци во Скопје

Сообраќаен прекршок / Фото: Министерство за внатрешни работи

Во текот на вчерашниот ден, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 23 санкции, 26 прекршоци што ги чинат пешаците, 15 за возење без возачка дозвола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, пет за возач почетник, седум за прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 36 за непрописно паркирање.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од Министерството за внатрешни работи.

Видео на денот