10 C
Скопје

139 санкционирани возачи во Скопје: 31 за брзо возење, 2 за возење под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 139 мерки, од кои 8 за возење без возачка дозвола, 31 за управување со брзина поголема од дозволената, 2 мерки за возење под дејство на алкохол, 2 мерки за нерегистрирани и технички неисправни возила, 5 за поминување на затворен семафор (црвено светло), 12 мерки за користење на мобилен телефон, 3 за некористење на сигурносен појас и 46 санкции за непрописно паркирање.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Прочитајте и...  Владата го одобри решението за деконтаминација на линданот во ОХИС

Поврзани вести

Богатството на Џек Ма се зголеми за 2,3 милијарди долари за само еден ден

Слободен печат

Силен земјотрес од 5,2 степени регистриран кај грчките острови Нисирос и Кос

Слободен печат

Инцидент „тежок“ 916 милиони долари: Властите на Суецкиот канал бараат од сопственикот на бродот да ја плати оштетата

Слободен печат

Кривична пријава за насилство врз дете во Кочани

Слободен печат

СЗО: Бројот на заразени во последните 24 часа се зголеми за повеќе од 567.000

Слободен печат

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Претепаното Ромче од Кочани низ солзи моли да го однесат кај мајка му

Слободен печат

Остави Коментар