137 сообраќајни прекршоци во Скопје, 43 санкции за брзо возење

Сообраќаен прекршок / Фото: Министерство за внатрешни работи

Во текот на вчерашниот ден, на територијата на град Скопје изречени се вкупно 137 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 43 санкции, четири за возење без возачка дозвола, четири за возач почетник, пет за минување на црвено светло, три за недавање првенство на минување на пешаци, четири за некористење сигурносен појас, четири за користење мобилен телефон, пет прекршоци што ги сториле возачи на велосипеди и моторцикли, 50 за непрописно паркирање.

– Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од Министерството за внатрешни работи.

Видео на денот