133 работодавачи не исплатиле плата, иако земале помош

Заклучно со 1 април, 133 работодавачи кои земале помош за плата, за некој месец се уште не ја имаат исплатено на своите работници, информираше директорката на УЈП Сања Лукаревска.

– Станува збор за 110 работодавачи кои не исплатиле плата за еден месец, 18 за два месеци и 3 за три месеци. Преземeни сe сите мреки врз основа на Законот за даночна постапка, и во делот на спроведување на присилна наплата. Заедно со Државниот инспекторат за труд направивме контроли, секој во својот домен на работење, а сега почнуваме контроли за оние што направија злоупотреби во месец декември – рече Лукаревска на денешната прес конференција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот